Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Македонија – пожарникари интервенираа за извлекување на повредените
Сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип е во прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип е во прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи на регионалниот пат село Караорман-Штип. Од СВР-Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата. Инаку, биле повикани и пожарникарите, за да интервенираат во извлекувањето на повредените од возилото. Регионалниот пат село Караорман-Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот.



