Спорт

Победа за Ферстапен во Лас Вегас, но Норис дојде на чекор до титулата

Макс Ферстапен прв ја мина целта на трката за Големата награда на Лас Вегас откако извозе одлично од првиот до последниот круг, Ландо Норис заврши втор, а тоа го однесе блиску до неговата прва титула во Формула 1.

Ферстапен уште во воведниот дел од трката го мина Норис и извозе без грешка до првата позиција.

Но, Норис кој заврши втор, не ризикуваше, неговиот пласман на подиумот значи дека уште на наредната трка може да ја обезбеди шампионската титула.

Трет беше Расел, а во топ десет завршија и Пјастри, Антонели, Леклер, Саинц, Хаџар, Хулкенберг и Хамилтон.

Норис сега е прв со 408 бодови, 30 повеќе од неговиот колега Пјастри кој има 378, трет е Ферстапен со 366.

Следната трка е во Катар, таа е претпоследна, а Норис со победа може уште тогаш да ја завери шампионската титула.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons