Магазин

Нова студија: Утринското кафе може да има изненадувачки придобивки за здравјето на срцето

Претходните препораки ги советуваа луѓето со атријална фибрилација –најчестото нарушување на срцевиот ритам што предизвикува неправилно и често забрано чукање на срцето – да избегнуваат кафе. Меѓутоа, една нова студија донесува сосема поинаков заклучок. Резултатите покажуваат дека дневна шолја кафе може да го намали ризикот од повторно појавување на ова нарушување, и тоа за дури 39 отсто. Со тоа се доведува во прашање долгогодишниот страв дека кофеинот предизвикува неправилни отчукувања на срцето.

Атријалната фибрилација е честа аритмија предизвикана поради неправилната и забрзаната работа на преткоморите, а може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Поради ова, пациентите честопати се прашуваат како да ја намалат можноста за нејзино враќње. Новото истражување за првпат систематски го испитувало влијанието на кафето врз оваа состојба, преку рандомизирано испитување наречено ДЕКАФ, пренесува „Да се јаде добро“ (EatingWell).

Во студијата учествуваа 200 луѓе со историја на атријална фибрилација или атријален трепет (флатер), кои беа поделени во две групи – едната морала да пие барем една шолја кафе дневно, а другата целосно го избегнувала кофеинот. По шест месеци, испитаниците кои продолжиле да пијат кафе имале значително помалку повторливи епизоди на аритмија: 47 отсто наспроти 64 отсто во групата без кофеин. Тоа претставува 39 отсто помал ризик од повторна појава на нарушувањето.

Научниците веруваат дека заштитниот ефект на кафето може да биде поврзан со блокирање на одредени рецептори кои ја поттикнуваат аритмијата, како и со антивоспалителните својства на кафето. Студијата сугерира дека умереното консумирање кафе може да биде безбедно, па дури и корисно за многу пациенти, но нагласува дека секој пациент пред да направи какви било промени во своите навики треба да се консултира со лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons