Македонија

Тошковски денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје имал хируршка интервенција- министерот се огласи за својата здравствена состојба!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски пред малку сподели дека денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје имал успешна хируршка интервенција и соопшти дека се чувствува стабилно.

„Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување“, истакна Тошковски.

Во објавата на Фејсбук, министерот уверува дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури.

„Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните. Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет“, порача Тошковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons