Македонија

Селектирани 10 кандидати меѓу кои ќе се избира новиот прв антикорупционер

Одобрени се десет кандидатури кои ги исполнуваат условите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата,а наскоро ќе започне и интервјуирањето.

Меѓу нив е  Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник, која беше помошник министер за правни работи во МВР и сведок во постапката за случајот „Таргет-тврдина„ за уништување на опремата за прислушкување на УБК.

Втор на листата е Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по деловно право, кој е и член на комисијата за заштита од конкуренција.

Трет е Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, магистер по меѓународно право, кој е и поранешен началник во МВР.

Следат  Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, адвокатите Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит.

PМеѓу кандидатите е и Благица Трошанска од Скопје,раководителка на сектор во Министерството за одбрана,  дипломиран правник и магистер на политички науки, проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник, кој е и актуелен генерален секретар на ДКСК, како и Феузи Џафери од село Чајле-Гостивар, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија, кој се кандидираше и за Народен правобранител, но не беше избран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons