БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје
ЈП Улици и патишта втор ден продолжува со чистење на коритото на реката Вардар.
„Во рамките на акцијата на Град Скопје и денес продолжуваат екипите на ЈП „Улици и патишта”- Скопје со активно машинско чистење на коритото на река Вардар во делот кај Галиите и рачно чистење и собирање на сметот од косините и скалилата кај кеј на река Вардар“, информираа од ЈП Улици и патишта, на социјалните мрежи.



