МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните 

Почитувани,

Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните.

Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил.

А што договорил Заев, тој првин добил куферче, а дал стик со материјали и ветување и шема за преземање на две големи македонски фирми од фирми блиски до поранешен бугарски премиер.

Се што прави Венко Филипче во оваа кампања е во насока на реализација на планот на Заев, односно создавање на услови за некогаш тоа да се случи. 

Планот сепак не им оди од рака, затоа што се разоткриени и затоа што СДС на овие избори ќе доживее уште еден историски дебакл како што доживеа и на претходните избори.

Планот и шемата на Заев по која работи Филипче не успева, народот го прочита СДС. Македонија не е и нема да биде нивна паричка за поткусурување.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=mEdKzZZ-eEY

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons