Спорт

Леброн Џејмс ќе објави крај на кариерата? 

Големата одлука ќе биде соопштена на 7.октомври (вторник) напладне по американско време односно во попладневните часови по македонско време.

Еден од најдобрите кошаркари на светот и најдобар стрелец во НБА лигата Леброн Џејмс би можел наскоро да ја заврши кариерата. Џејмс е единствениот кошаркар со повеќе од 40.000 поени во НБА лигата.

За овој негов потег се зборува веќе подолго време, а тој дополнително ги „заинтересира“ своите симпатизери и бројната армија вљубеници во НБА лигата, откако на социјалните мрежи напиша „одлука“. Во 2010 година се случи нешто слично и тогаш имаше одлука, а тоа беше неговото прво заминување од Кливленд. Тогаш тој на националната телевизија ја соопшти одлуката дека ќе направи премин во Мајами Хит.

Сега најавите се дека Леброн Џејмс ќе објави крај на кариерата. Големата одлука ќе биде соопштена на 7.октомври (вторник) напладне по американско време односно во попладневните часови по македонско време. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons