Тошевски потпиша за белгиски Дендер
Македонскиот напаѓач Давид Тошевски продолжува со кариерата во Белгија, каде што потпиша договор со тимот на Дендер. Според објавата, станува збор за двегодишна соработка, со можност за продолжување на уште една сезона.
Тошевски се очекува да биде значајно засилување во нападот на белгискиот прволигаш, кој се наоѓа во сериозна резултатска криза. По девет одиграни натпревари оваа сезона, Дендер е закован на дното од табелата со само три освоени бодови и без ниту една победа.
Во својата досегашна кариера, 22-годишниот фудбалер настапуваше за Работнички, рускиот Ростов, Австрија Клагенфурт, Шибеник и уште неколку клубови низ Европа.
Преземено од: Спорт.ком.мк