Спорт

Ѓорческа победи поранешна број еден тенисерка во светот 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со голема победа го почна ВТА турнирот W125 Самсун Опен во Турција откако со 2-0 во сетови ја совлада тениската ѕвезда, Каролина Плишкова од Чешка.

Ѓорческа го доби мечот за 75 минута, македонската тенисерка првиот сет го доби со 6-4, а вториот со 6-3.

Плишкова во својата кариера осум недели беше на првото место на ВТА листата, има и две финалиња на грен-слем турнирите, на Вимблдон и УС Опен.

Следна противничка во втортата рунда на македонската тенисерка ќе и биде Софија Костулас од Белгија, која денеска ја победи Вероника Фалковска од Полска со 2-0 во сетови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons