Прв академски час на студентите на УКИМ, најголем интерес оваа година има за Економскиот факултет
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Таа информираше дека оваа година на шесте државни универзитети се запишани 10 илјади студенти.