Спорт

Бугарија ќе почека за злато, Италија е светски шампион

Одбојкарската репрезентација на Италија е светски шампион откако во финалето ја совлада Бугарија со 3-1 (25-21, 25-17, 17-25, 25-10).

Откако станаа шампиони во женска конкуренција, сега и мажите на Италија дојдоа до најпрестижната круна.

Во денешното финале Италијанците ја совладаа Бугарија која успеа да добие само еден сет.

Бугарите добро се држеа во првиот сет, но во финишот Италија одигра подобро и го доби со 25-21.

Во вториот сет Италија беше убедлива со 25-17, а на ист начин возврати Бугарија во третиот и успеа да остане во игра.

Но, не за долго, во следниот сет Италијанците буквално ја растурија Бугарија добивајќи го сетот со неверојатни 25-10 и со стил дојдоа до светската титула.

За Италија ова беше и одбрана на титулата која ја освоија пред две години.

Фото: FIVB

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons