Свет

Шведска и Финска официјално поднесоа барање во НАТО, се очекува процесот да трае само неколку недели

Шведска и Финска официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО, одлука поттикната од руската инвазија на Украина. Процесот на пристапување се очекува да трае само неколку недели, пишува Ројтерс.

Нивната одлука за влез во НАТО е една од најзначајните промени во европската безбедносна структура.

„Ова е историски момент, кој мораме да го искористиме“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на кратката церемонија на која шведскиот и финскиот амбасадор во алијансата ги предадоа своите писма за апликација.

„Топло ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Вие сте нашите најблиски партнери, а вашето членство во НАТО ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“, рече Столтенберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons