Спорт

Тиквеш не прифаќа да го игра баражот во Скопје

Тиквеш реагира на одлуката на ФФМ да се промени местото на одигрување на баражот за место во ПМФЛ, тие велат дека нема да играат во Скопје. 

Мечот меѓу Тиквеш и Воска требаше да се игра во Прилеп, но неколку часа по ждрепката од ФФМ стигна информација дека локацијата е променета, дуелот ќе се игра во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“. Од Тиквеш реагираат на ваквата одлука, тие сметаат дека таа е направена под притисок и немаат намера да играат во Скопје. „Денеска во ФФМ се одржа ждрепката за баражите и на истата нашиот клуб ја доби Воска спорт за противник, меч кој од ФФМ беше закажан да се игра на стадионот ‘Гоце Делчев’ во Прилеп. Меѓутоа после неколку часови пристигна официјален мејл од страна на ФФМ дека овој меч од необјасниви причини ќе се одигра на Арената ‘Тодор Проески’ во Скопје.Ние како клуб не прифаќаме промена на местото на одигрување на овој натпревар, зашто на денешниот состанок меѓу екипите и претставниците на ФФМ беше закажан овој меч да се игра во Прилеп и мислиме дека ФФМ под притисок ја смени одлуката за мечот да се игра во Скопје“, се вели во рекацијата на Тиквеш. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons