Левандовски се враќа во селекцијата на Полска по селкторската смена
Роберт Левандовски се подготвува за враќање во репрезентацијата на Полска, но сè уште е неизвесно дали повторно ќе ја добие капитенската лента која му ја одзеде поранешниот селектор Михал Побиерж.
Актуелниот селектор Јан Урбан потврди дека ѕвездата на Барселона изразила голема желба повторно да заигра за националниот тим, нешто што, како што вели, сигурно ќе ги израдува навивачите.
Сепак, Урбан не откри дали капитенската лента ќе му биде вратена на Левандовски или ќе остане кај актуелниот капитен Пјотр Зиелински од Интер.
Левандовски досега има 185 настапи и 85 погодоци за Полска. Во септември репрезентацијата ќе одигра два квалификациски натпревари за Светското првенство, против Холандија и Финска.