12 активни пожари низ Македонија
Центарот за управување со кризи информира за состојба со пожарите.
Центарот за управување со кризи информира за состојба со пожарите.
Како што велат, во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои:
АКТИВНИ ПОЖАРИ (12):
1. Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума);
3. Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
4. Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума);
7. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
8. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);
9. Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација);
10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);
11. Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација);
12. Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).