Актуелно

Активни се 7 пожари, гори во Дојран, Македонски Брод, Чучер Сандево… 

Утрово активни се седум пожари, четири пожари се под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на територијата на Општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Горњани, каде има шумски пожар, село Бешиште, Прилеп, гори мешана шума, во Македонски Брод има два пожара – помеѓу селата Црешнево и Локвица (гори деградирана дабова шума и грмушки) и кај селото Крапа (гори нискостеблеста шума), во Дојран се уште активен е пожарот кај Николиќ (гори нискостеблеста шума), по Солунска Глава, Општина Чашка има пожар на карпест терен и кај бензинската пумпа Окта петрол, Тетово, гори нива.Под контрола се пожарите на територијата на Македонски Брод кај селата Рамне и Слатина и пожарот кај депонијата во Делчево.Изгаснати се 27 пожари на територијата на 20 општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons