Актуелно

Мицкоски: Во вториот повик за капитални проекти во општините, има повеќе од 800 проекти 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот јавен повик од линијата за 250 милиони евра за развој на општините, изјави:
 
„Токму така, се враќам од еден таков настан којшто го организира Министерството за локална самоуправа. Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800, мислам дека беа 862 проекта, точно не ме фаќајте за збор. Најголемиот дел се во Министерството за транспорт, околу 600. Нешто повеќе од 120 беа во животна средина, генерално во двата повика се околу 1.200 проекти. Тука во Велес, 18 проекти имаме. Ова никогаш не се случило. Е сега имаме еден друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, бидејќи знаете, 1.200 градилишта кога ќе се додадат на сите оние веќе постојни градилишта, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе остваривме еден таков состанок и со Стопанската комора и со Комората на градежници. Правиме гантограм на активности. 20 милијарди денари само за Локалната самоуправа се наменети. Така што оваа поддршка мислам дека е голем мотив и инспирација за општините и за градоначалниците да продолжат да испорачуваат за граѓаните и да го следат примерот на Владата.  Јас сум убеден дека тоа ќе го сторат градоначалниците коишто се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не само сега, туку и во иднина, после големата победа којашто очекувам да се случи на локалните избори.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons