Свет

Преговори за примирје во Газа: Израел не донесе одлука по одговорот на Хамас

Израел не донесе „никаква одлука“ за следните чекори во процесот кон договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, откако Хамас синоќа одобри продолжување на преговорите, изјави денеска претставник на израелската влада.

„Во оваа фаза не е донесена никаква одлука за ова прашање“, изјави неименуваниот функционер за агенцијата Франс прес.

Според неколку израелски медиуми, кабинетот за безбедност треба да се состане вечерва, по завршувањето на Сабат, за да одлучи за својот одговор.

Хамас рано утринава објави дека дал „позитивен одговор“ на посредниците за најновиот предлог за нов договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, кој беше предложен од Соединетите Американски Држави (САД).

Како што се наведува, Хамас е „сериозно подготвен веднаш да започне рунда преговори“, но не е потврдено дека ќе ги прифати сите услови од предлогот.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави денеска дека е добро што Хамас одговори „во позитивен дух“ на предлогот за прекин на огнот во Газа.

Трамп им рече на новинарите дека постои можност до следната недела да биде постигнат договор за примирје, но нагласи дека не бил информиран за моменталниот статус на преговорите, пренесува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons