Спорт

Еден од најдобрите светски тенисери го откажа настапот на Ролан Гарос

Само два дена пред почетокот на престижниот Ролан Гарос, италијанскиот тенисер, Матео Беретини поради здравствени проблеми се повлече од турнирот.

Поранешниот финалист на Вимблдон веќе подолг период води битка со повреди, а и покрај неколкуте надежни настапи оваа сезона, телото повторно не издржа. Оваа година успеа да го совлада Новак Ѓоковиќна стартот на турнирот во Доха, што беше голема сензација, но формата не успеа да ја задржи.

Останува отворено прашањето дали Беретини ќе успее да се врати во вистинска форма во пресрет на летните турнири, меѓу кои и Вимблдон,  местото каде во 2021 година играше финале против Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons