Македонија против Данска, Португалија и Романија на Европското првенство 2026
Денеска со жрепка во Хернинг, Данска, се дознаа групите на Европското првенство што ќе се одржи во 2026 година.
Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ќе игра во групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија.
Данска, Норвешка и Шведска ќе бидат домаќини на континенталниот шампионат кој ќе се организира од 15 јануари до 1 февруари 2026.
Нашите најдобри ракометари своите мечеви од прелиминарната фаза ќе ги играат во Хернинг.
Актуелниот европски шампион Франција е во групата Ц со Норвешка, Чешка и Украина.
Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на ЕП.
ЕП 2026
Група А: Германија, Шпанија, Австрија, Србија
Група Б: Данска, Португалија, Македонија, Романија
Група Ц: Франција, Норвешка, Чешка, Украина
Група Д: Словенија, Фарски Острови, Црна Гора и Швајцарија
Група Е: Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
Група Ф: Унгарија, Исланд, Полска, Италија