Вечерва на градскиот плоштад во Штип се случила вооружена пресметка, во која едно лице било тешко повредено
Вечерва на градскиот плоштад во Штип се случила вооружена пресметка, во која едно лице било тешко повредено.
Според првичните информации, по вербална и физичка расправија помеѓу неколку лица, едно лице – турски државјанин било застрелано. Неофицијално, повредениот носел нож, по што другото лице употребило огнено оружје.
Ранетиот бил итно пренесен во Брзата помош. Полицијата работи на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат наскоро.