Свет

Фридрих Мерц е избран за нов канцелар на Германија

Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц е избран за канцелар во вториот круг на гласање во Бундестагот, откако неговиот сојуз со социјалдемократите изненадувачки беше поразен во првиот обид.

Неуспехот на Мерц веднаш да ја добие поддршката од парламентот претставува преседан во повоена Германија и е непријатно искуство за политичарот кој ветуваше дека ќе го заживее економскиот раст во време на глобални тензии, пишува Ројтерс.

Неговиот сојуз ЦДУ-ЦСУ победи на сојузните избори во февруари и постигна коалициски договор со социјалдемократите.

Нивниот договор предвидува планови за заживување на растот, вклучувајќи намалување на данокот за претпријатијата и пониски цени на енергијата. Исто така ветува силна поддршка на Киев и засилување на военото трошење.

Мерц, кој има 69 години, политичката кариера ја почна како прат5еник во Европскиот парламент во 1989 година, а со именувањето на оваа функција за прв пат влегува во извршната власт и допрва треба да ги покаже своите лидерски капацитети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons