Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадеме млад кромид 

Станува збор за една од првите земјоделски култури во светот, која има бројни благотворни ефекти врз човечкиот организам, пишува „Пун кофер“.

1. Имунолошка бомба

Младиот кромид е богат со витамини и минерали. Особено содржи големи количини на витамини А и Ц, кои го зајакнуваат имунитетот, го одржуваат здравјето на целиот организам и ефикасно се борат против инфекции во телото. Витаминот А е клучен и за здравјето на очите, за заздравување на рани, но и за третирање на некои цревни заболувања.

2. Чувар на коските и забите

Ова зелено лиснато растение содржи значајни количини калциум и витамин К, кои се неопходни за одржување на густината на коските и забите. Витаминот К е исто така важен за процесот на згрутчување на крвта.

3. Сојузник на здравото срце

Младиот кромид е пријател на здравото срце и крвниот систем. Тој е добар извор на калиум и растителниот пигмент кверцетин, кој го намалува високиот крвен притисок. Содржи и соединенија што ја подобруваат циркулацијата и ја намалуваат веројатноста за развој на дијабетес тип 2.

4. Поттикнувач на варењето

Младиот кромид, особено неговите зелени делови, е добар извор на растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата и работата на цревата.

5. Сојузник на фит телото

Во сто грама млад кромид има само околу триесетина калории, па затоа неговата консумација се препорачува на лица кои сакаат да ослабат или да одржуваат здрава телесна тежина.

Младиот кромид е неизоставен дел од пролетните јадења и велигденската трпеза. Неговиот благ, луткаст вкус одлично се комбинира со шунка, варени јајца и други деликатеси. Погледнете ја нашата фотогалерија и најдете инспирација за подготовка на јадења со млад кромид.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons