Лина Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во двојки во Грузија
По елиминацијата во сингл, денеска најдобрата македонска тенисерка го продолжи настапот на турнирот во Лопота, Грузија, во дубл натпреварувањето.
Заедно со Грузијката Е. Горгодзе со 2:1 во сетови триумфираа над М. Кубка (Полска) и Л. Заар (Шведска) во осминафиналната фаза.
Кубка и Заар како први носителки на турнирот го освоија првиот сет со 6:4.
Следуваше пресвртот на Ѓорческа и Горгодзе, најпрвин го добија вториот сет со 7:6 (5), а во третиот беа подобри со 10:5.
Противнички на Ѓорческа и Горгодзе во четвртфиналето ќе бидат З. Кардава (Грузија) и В. Зверева.