Автомобил влетал во луѓе на фестивал во Канада
Најмалку осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, додека шестмина се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во канадскиот град Ванкувер, објави мрежата „Глобал њуз“, повикувајќи се на неименувани извори.
Полицијата на Ванкувер соопшти дека на лице место е уапсен 30-годишен маж осомничен за нападот.
Полицијата соопшти дека се работи за лице од Ванкувер кое управувало џип.