Спорт

УЕФА исплати вкупно 150.000 евра на седум македонски клуба 

УЕФА подели рекордни 233 милиони евра на вкупно 901 клуб од 55 различни држави, за пуштање на фудбалерите за настапи за своите репрезентации за натпреварувањата под УЕФА од 2020 до 2024 година.

Најмногу до сите заработи Реал Мадрид, вкупно 4,79 милиони евра, пред Интер со 4,65 милиони евра, а мал дел од овој огромен „колач“ заврши и кај македонските клубови.

Oфицијалните информации говорат дека од сметката на УЕФА ќе легнат вкупно 150.019 евра, од кои ќе се офајдат седум македонски екипи.Најголем дел од нив ќе завршат на сметката на Шкендија (65.862 евра), зад тетовци се наоѓа Работнички со 25.613 евра, па Академија Пандев со 21.954 евра, Вардар ќе добие 14.636 евра од УЕФА, додека по идентични 7.318 евра ќе заврѓат на сметките на Силекс, Шкупи и на Македонија ЃП.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons