Со експлицитни фотографии го најави новиот “бизнис“: Македонска раперка ќе заработува на „Онли фенс“
Уште една македонска пејачка се реши да заработува преку продавање експлицитни фотографии на популарната страница „Only Fans“.
По раперката Дијана ОГ, за која може да се каже дека е првата наша пејачка која реши да заработува на овој начин, експлицитни фотографии продава и нејзината колешка и соперничка, раперката Луна, објави порталот Убавина и здравје.
Луна вчера преку својот профил на Инстаграм објави дека отворила профил на „Only Fans“, а стартот на овој нов „бизнис“ го промовираше со две жешки фотографии.
За да гледате експлицитни фотографии од Луна за еден месец ќе ве чини скоро 20 долари, додека за три месеци ќе треба да платите 47 долари.
Инаку Луна веќе подолго време е во врска со раперот Тракер, кој пак пред неа беше во врска со Дијана Ог и токму поради тоа има нетрпеливост помеѓу овие две раперки, пишува порталот Убавина и здравје.