МакедонијаНајново

Истражители влегоа во МВР, истражуваат предмети во фиока

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“. На тоа место на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија кога загинаа 46 лица.

Како што објави „360 степени“, предметот на Обвинителството засега е во фаза на предистрага. Истражители вчера го посетиле МВР и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот. Министерот Оливер Спасовски јавно нема одговорено зошто само на три дена по автобуската несреќа во Бугарија, полицијата го затвори техничкиот центар иако уште во август лани било препорачано министерот да донесе решение за забрана за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons