МакедонијаНајново

8 пациенти се пуштаат на домашно лекување, а 9 се враќаат во Македонија

По 11 дена ние имаме нула смртни случаи по трагичната несреќа, потенцира министерот Таравари.

По повод новата состојба на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани, министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека од болниците во земјава денеска се планира испис на 8 пациенти кои ќе бидат пуштени на домашно лекување.

По денешниот испис, хоспитализирани во државата ќе останат 14 пациенти чија состојба е стабилна, рече денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

-Во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување. -Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на токсикологија и 2 на пластична хирургија, 6 пациенти во Стара градска болница, 5 во ГОБ 8 Септември и 3 во Систина, истакна министерот.

Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека има добри вести од странство во поглед на повредените пациенти во кочанската дискотека. Остануваат 91 пациенти, а девет се враќаат денеска во земјава од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска.

Според него, има добри вести и за критичните четири пациенти кои се лекуваат во странство.

-Иако се се уште во тешка состојба, тие се во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимист сум дека и тие ќе се подобруваат – такви ми се информациите. Одредени лабораториски параметри покажуваат дека денеска има подобрување. Сепак, секогаш мораме да бидеме претпазливи. Кога ќе бидат подобри, ќе ве известиме. Засега овие се информациите, рече министерот, навестувајќи дека утре се враќаат двајца пациенти од Шведска и Литванија.

Таравари повтори дека лекувањето за сите пациенти е нула денари и е обезбедена авионска карта и сместување за двајца членови од семејствата на лицата кои се лекуваат во странство. Тој е дециден дека се покриени сите трошоци на пациентите – од спиење и лекување до транспортот.

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска даде изјава за медиумите за состојбата на пациентите каде што се лекуваат од трагичната несреќа во Кочани и додаде дека: 

По 11 дена ние имаме нула смртни случаи по трагичната несреќа, потенцира министерот Таравари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons