Спорт

Македонските фудбалери ги почнаа подготовките за дуелите против Лихтенштајн и Велс 

Во мирна атмосфера по големата трагедија што се случи во Кочани најдобрата македонска фудбалска репрезентација се собраа како старт на подготовките за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Во знак на почит и солидарност од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека медиумските активности со репрезентативците ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.

На 22 март во Вадуц избраниците на селекторот Благоја Милевски во првото коло од квалификацискиот циклус ќе играат против Лихтенштајн.

Четири дена подоцна нашите најдобри фудбалери во Скопје ќе ја пречекаат селекцијата на Велс.

Милевски за овие два мечеви повика вкупно 27 фудбалери. Повеќе ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons