Магазин

Невролозите предупредуваат: Три популарни пијалаци сериозно му штетат на здравјето на мозокот

Често размислуваме за исхраната како за начин за подобрување на физичкото здравје, како што е одржување на оптимална телесна тежина, здравје на срцето и рамнотежа на шеќерот во крвта.

Меѓутоа, исхраната исто така може да влијае и на когнитивното здравје.

„Нашиот мозок е орган кој бара голема количина на енергија и зависи од постојаното снабдување со хранливи материи за правилно да функционира. Она што го јадеме и пиеме може да влијае на функцијата на мозокот и краткорочно и долгорочно“, вели неврологот д-р Џоел Салинас за „Парада“.

Тој исто така додава дека некои пијалаци содржат есенцијални хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на мозокот, додека други може да придонесат за „воспаление, оксидативен стрес или промени во структурата на мозокот со текот на времето“.

Според д-р Салинас, разбирањето на овие ефекти може да ни помогне да направиме попаметни избори кои ќе ја заштитат меморијата, концентрацијата и целокупната функција на мозокот како што старееме.

Тој и други невролози ги открија трите најлоши пијалаци за здравјето на мозокот и дадоа совети што да се пие наместо нив.

Диетални газирани пијалаци

Иако диеталните газирани пијалаци понекогаш се претставени како „поздрава“ верзија на обичните газирани пијалаци со шеќер, невролозите предупредуваат дека тоа можеби не е најдобриот избор за мозокот.

„Бројни студии покажаа дека аспартам, вештачки засладувач кој се користи како замена за шеќер во многу прехранбени производи, може да има негативно влијание на здравјето на мозокот“, предупредува неврологот д-р Мил Етјен.

Овошни сокови

Овошните сокови може да носат ризици за здравјето на мозокот ако се полни со додадени шеќери. Доктор Салинас истакнува дека една студија особено покажала поврзаност помеѓу фруктозата и сахарозата, кои се вообичаени во овошните сокови, и зголемениот ризик од деменција.

„Овие наоди укажуваат на тоа дека прекумерното внесување шеќер може да придонесе за стареење на мозокот и невродегенеративни болести, веројатно преку воспаление, отпорноста на инсулин и оксидативниот стрес“, вели д-р Салинас.

Доктор Етјен додава дека промените во нивото на шеќер може да предизвикаат замор, проблеми со концентрацијата и мозочна магла, што може да доведе до раздразливост и промени во расположението.

Алкохол

Умереното консумирање вино, особено црвеното, историски било поврзано со подобри здравствени резултати. Иако некои експерти споменуваат дека неколку студии сугерираат дека умереното консумирање вино може да го подобри здравјето на мозокот, тие не препорачуваат тестирање на оваа теорија. Студија од 2022 година покажа дека дури и еден до два пијалаци на ден може да го намалат волуменот на мозокот, особено во регионите кои влијаат на когнитивноста.

Доктор Салинас истакнува дека овие промени во структурата на мозокот укажуваат на тоа дека алкохолот, дури и во мали количини, можеби не е толку безопасен како што се мислело порано.

Значи, невролозите тврдат дека најдобриот избор за здравјето на мозокот се обичната вода, соковите од зеленчук, кокосовата вода и зелениот чај. Тие, исто така, препорачуваат исхрана богата со здрави масти и антиоксиданти, како што е медитеранската исхрана, која помага во намалување на воспаленијата и ја поддржува функцијата на мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons