Свет

Светската цена на златото се искачи на рекордни 3.000 долари за унца

Светската цена на златото денеска се искачи на рекордни 3.000 долари за унца поради глобалната трговска неизвесност и очекувањата дека каматните стапки во САД ќе бидат намалени.

Цената на златото порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца, пишува Блумберг. Од почетокот на годината цената на златото порасна за повеќе од 14 отсто. Златото со векови се смета за безбедно засолниште за капиталот во турбулентни времиња и во исто време како мерка за страв на пазарите.

Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрзо темпо на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати. Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти.

Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.

Цените паднаа на 1.600 долари по пандемијата, но повторно почнаа да растат во 2023 година, поттикнати од големите набавки од централните банки, пренесува Танјуг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons