Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“ во Скопје
„Дојди, пробај, уживај“ – Традиционален Саем на македонска традиционална храна. Македонски домашни производи се најдоа на штандовите од произведувачи на 3-тоТО по ред издание на Сити Базар во организација на Националната Федерација на Фармери.
„Учестуваат 35 учесници, мали оператори за храна, мали земјоделци кои што прават преработки да можат своите производи да ги продаваат на локалните пазари во конкретниот случај тоа е скопскиот пазар, како еден најголем пазар во нашата држава“вели Билјана Митревска, Национална Федерација на Фармери
Пчелни производи, зеленчукови, како и разновидни вина од македонските винарски визби се изложѓени на базарот.
„Тоа се производи кои луѓето, вредните фармери ги произведуваат од куќен праг, ги продаваат и нашата идеја беше таа релација да ја споиме со куќниот праг на фармерите и купувачите да бидат поблиску и што е најважно да ја вкусат традицијата на квалитетните производи кои тие ги произведуваат“ кажа Ванчо Кировски, Национална Федерација на Фармери
Заинтересираноста од година в година е сè поголема од страна на произведувачите и купувачите. Преку саемот на македонската традиционална храна, минувачите и љубителите во гастрономијата ќе можат се поблиску да се доближат до автентичните вкусови на Македонија и нејзините локални производи.