Анџелина Џоли снимена во Лавов како бега на сигурно по сирените за тревога
Покрај заканите од рускиот претседател Владимир Путин дека ќе почне и Трета светска војна, холивудската ѕвезда Анџелина Џоли замина за Украина и го посети Лавов каде минатата недела во ракетен напад загинаа седуммина.
Актерката и позната хуманитарка, како една од најголемите ѕвезди замина во Украина, зафатена од војна, за да пружи поддршка.
Сепак, не можеше да помине без да ја почувстувува вистинската ситуација во оваа земја, а тоа беше проследено со видеоснимка на која се гледа како актерката трча по огласувањето на сирените за тревога, заедно со својата придружба.
Иако, овој украински град до неодамна се сметаше за безбедно засолниште за бегалците кои заминуваат за Полска, последните недели се случува токму спротивното, а Џоли сепак успеа да дојде на безбедно.
Инаку, при посетата, Џоли запозна бегалци кои побегнале од Донбас, а обожувателите останаа одушевени кога ја забележале во едно кафуле каде земале автограми од неа.
Џоли ги посети и децата кои се на лекување во болницата во Лавов поради повреди здобилени во ракетниот напад на железничката станица во Краматорск на почетокот на април, а го посети и домот за сираци, рехабилитациониот центар и пунктот за дистрибуција на помош.