Актуелно

Трговците имаат рок од 45 дена да ги објават цените на интернет, деталите како ќе изгледа ќе се знаат за 10 дена 

Собранието вчера го имени Законот за заштита на потрошувачите каде трговците се задолжуваат да ги објават цените на сите производи на своите интернет страници. Законот предвидува во рок од 45 дена од денот на влегувањето на сила трговците да го усогласат работењето со одредбите на овој закон. Со овој закон се предвидува во период од 10 дена да се донесат подзаконски акти со кои ќе се знае на кој начин треба да изгледа целата рбота.

Пратениците од власта кои ги предложија измените на законот за потрошувачи по скратена постапка  очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.

„Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално. Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани“, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска посочи дека овие законски измени ќе придонесат и за конкурентност меѓу самите трговци.

„Со овој закон со објавување на цените на сите поединечни производи на веб страната и на рафтовите од страна на трговците, потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е исклучуваат микротрговците и трговците поединци“, истакна Бојковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons