Спорт

Билетите за натпреварот Лихтенштајн – Македонија пуштени во продажба 

Фудбалската репрезентација на Македонија на 22 март ќе ги започне квалификациите за Светското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Лихтенштајн.

Против Лихтенштајн ќе играме на гостински терен во Вадуц, а билетите за овој дуел се пуштени во продажба.

Навивачите на Македонија преку сајтот на Фудбалската федерација на Лихтенштајн(ТУКА) можат да купуваат билети.

За македонските навивачи на располагање ќе има 1232 билети од местата на гостинскиот сектор кои ќе се продаваат по цена од 15 швајцарски франци (970 денари) и 200 билети од прва категорија кои ќе чинат 35 франци (2264 денари).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons