Актуелно

Во Скопје вчера казнети 262 возачи, 10 од нив биле без возачка дозвола 

Во текот на вчерашниот ден од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, а санкционирани се 262 учесници во сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

МВР апелиера до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons