Спорт

Дешан: Зидан е природен кандидат да ме наследи на селекторското место 

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, изјави дека Зинедин Зидан е „многу добар кандидат, природен“ да биде негов наследник.

– Зизу е многу добар кандидат, природен, само не знам дали ќе го сака тоа – изјави Дешан во интервјуто за францускиот магазин „Екип“.

Дешан (56) во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја води од 2012 година. Оттогаш медиумите зборуваат за Зидан како негова замена.

Зидан во досегашната тренерска кариера (2016, 2017 и 2018 година) со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите.

Важи за голем фаворит за наследник на својот поранешен капитен во француската репрезентација, која во 1998 година ја освои титулата светски шампион, а две години подоцна и европската шампионска титула.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons