Eлмас: Пандев ме советуваше да дојдам во Торино
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас неодамна ја комплетираше позајмицата во Торино, а сега за клупскиот сајт даде интервју преку кое им се претстави на навивачи.
Елмас во Торино ќе настапува како позајмен фудбалер од Лајпциг каде што не успеа да се избори за стандардно место во првиот тим.
Во интервјуто меѓу другото, Елмас откри и дека Горан Пандев го советувал да го избере Торино.
„Дојдов во клуб со прекрасни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвицитек ои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.