Самоиловата тврдина во боите на ретки болести
Здружението за ретки болести се приклучи кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
„Hа 1 февруари започнавме со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2025″ но и илуминација во боите на ретките болести на Самoиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид. Оваа година илуминацијата на културно историските споменици е спроведена со помош и поддршка на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и НУ Завод и музеј од Охрид. Да напоменеме дека Самoиловата тврдина изминатите три години беше прв осветлен објект во светот за што добивме пофалби од меѓународната заедница за ретки болести“ соопштија од Здружението за ретки болести.