За Кривичен нејасна е поврзаноста во јавноста за едно кривично дело со друго кривично дело
Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки кои биле водени против 20-годишниот, Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на улицата „Партизански одреди“.
Од судот, за затекнувањето со дрога, лани, велат дека Јованов бил првостепено осуден со пресуда по која постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска.
„Поради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка : Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се пресметува и времено поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година“, објаснуваат од Кривичен.
Од тука велат дека соглсно одредбите во Законот, мерката притвор не може да опстојува, поради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција.
„Предметот на 7 ноември минатата година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување“, велат од Кривичен.
Понатаму, како што се доава, во согласност со евиденцијата на судот, Јовнов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент, до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.
„Како суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа. Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат. Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем“, се вели во соопштението на судот.
Во врск со смртта на Кулакова, возачот Јовнов е во притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.