9.000 свињи кои треба да се убијат заради африканска чума ќе се закопаат во јама во селото Горно Трогерци 

Мнозинството советници во Советот на Општина Карбинци на вчерашната вонредна седница одлучиле на приватната свињарска фарма во која треба да се уништат околу 9.000 свињи по појавата на болеста африканска чума да и се дозволи да прави јама во атарот на селото Горно Трогерци, каде што во радиус од еден километар нема објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека вчера го добиле писмениот допис од Агенцијата за храна и ветеринарство во кој се бара под итно да се одреди локација за копање на јами за свињите, кои мора да се еутанизираат, со цел да не се шири болеста.

Паунов додава дека денеска го чекаат одговорот од АХВ и од надлежните инспектори за одобрената локација од страна на Советот на Општина Карбинци.

Пред два дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман протестираа и не дозволија градежните машини да ископат јама за уништување на свињите меѓу двете села, стравувајќи дека ова ќе значи еколошка катастрофа, загадување на подземните води и ќе штети на нивното здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons