Свет

Петков ги повика Бугарите да се откажат од платите и да ѝ ги дадат на Украина за оружје

Бугарскиот премиер Кирил Петков ги повика бугарските граѓани да ја донираат месечната плата во фондот за набавка на оружје за Украина, јавува Анадолија.

„Го повикувам секој бугарски граѓанин што навистина сака да ѝ помогне на Украина да ја донира платата како мене. Зборовите се лесни, а делата се тешки“, напиша Петков во објавата на својот фејсбук-профил.

Споделувајќи на Фејсбук и фотографија од банкарската потврда за неговата донација, Петков истакна дека е потребно политичко и општествено единство за испраќање воена помош во Украина.

„Има многу екстремни ставови за ова прашање во јавната сфера. Мислам дека е дојдено време оваа јавна енергија да се претвори во вистинска акција“, рече Петков.

Петков истакна дека Русија не им објавила војна на европските земји што испратиле оружје во Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба му се заблагодари на Петков за покренувањето јавна кампања за собирање средства за Украина.

„Овој потег ја покажува вистинската бугарска солидарност со Украина. Се чувствував добро кога бев примен од премиерот Петков во Софија минатата недела“, рече Кулеба на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons