Беќаровски открива колку е опасен пестицидот „Имидаклоприд“ кој беше откриен во пратка со свежа зелка на хрватската граница
Пред неколку дена јавноста остана со прашалници каква храна се јаде кај нас по веста дека на хрватската граница е запленета и уништена цела пратка со свежа македонска зелка поради присуство на пестицидот „Имидаклоприд“. Во врска со оваа случка на неговиот Фејсбук профил се огласи докторот Нико Беќаровски кој објаснува колку е штетен овој пестицид за здравјето на луѓето.
„7 ФАКТИ ЗА #IMIDACLOPRID И “ОТРОВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА” ОТКРИЕНА ВО ХРВАТСКА
Сите не возбуди веста дека голем контингент на зелка е запленет во Хрватска поради присуство на инсектицидот Имидаклоприд.
Веднаш ‘универзалните експерти” истрчаа со ставови колку и како нѐ трујат.
ФАКТИТЕ СЕ СЛЕДНИВЕ :
1. IMIDACLOPRID спаѓа во групата на неоникотиноиди и има мала токсичност за луѓето.
2. IMIDACLOPRID по препорака од EFSA (European Food Safety Authority) од јануари 2013 година потполно е забранет во ЕУ од 2018 година, ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА ТОКСИЧНОСТ ВРЗ ПЧЕЛИТЕ.
3. Овој инсектицид врз луѓето има иста или помала токсичност како сите дозволени пестициди.
4. IMIDACLOPRID мора да го тргнеме од нашите полиња за да ги заштитиме пчелите, кои се поретко ги гледаме.
5. Јас лично повеќе би јадел зелка прскана со Imidacloprid, отколку прскана со етиол, децис, ланате, кои за жал се уште ги има во Македонија.
6.Нема научни докази дека Imidacloprid е канцероген за луѓето.
7. Во Македонија останаа премалку обработливи места со еколошки прифатлива почва и атмосфера“, напиша Беќаровски.