Свет

Тикток престана да работи во САД: Исчезна од продавниците за апликации на Епл и Гугл

Тикток се затвори во Соединетите држави доцна во саботата и исчезна од продавниците за апликации Епл и Гугл пред законот што стапува на сила денеска и бара исклучување на апликација што ја користат 170 милиони Американци.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека „најверојатно ќе му даде на Тикток 90 дена одложување од забраната откако ќе ја преземе функцијата во понеделник“, ветување што Тикток го цитира во известувањето објавено до корисниците на апликацијата, пренесува Ројтерс.

Жалбата на Тикток против забраната на социјалната мрежа да работи во САД беше одбиена, и покрај тоа што компанијата тврдеше дека забраната го прекршува Првиот амандман.

Одлуката на судот, која уследи по повеќекратните предупредувања од администрацијата на Џо Бајден во заминување дека апликацијата претставува „сериозна закана“ за националната безбедност, дозволува забраната да започне во недела.

„Заклучуваме дека оспорените одредби не ги прекршуваат правата на првиот амандман на подносителите на барањето“, рече судот во едногласно мислење, потврдувајќи ја одлуката на понискиот суд против Тикток.

Според законот што беше усвоен минатата година, на кинеската компанија Бајт денс, која е сопственик на Тикток, и е наредено да го продаде својот удел во популарната апликација доколку сака да продолжи со работа во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons