Спорт

Трајковски следното лето ќе го напушти Хајдук?! 

Сплитски Хајдук реши да ја прекине соработката со тројца искусни фудбалери на крајот од оваа сезона. Од Пољуд најверојатно ќе си заминат Ловре Калиниќ, Јосип Елез, како и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Според хрватските медиуми, на сите тројца ќе им истече договорот на 30 јуни, а клубот наводно одлучил да не им понуди продолжување.

Сезонава Хајдук се бори за толку посакуваната шампионска титула, која ја чека 20 години.

Тренерот Џенаро Гатузо го однесе тимот на подготовки, а завршницата на шампионатот носи голема борба со Риека и Динамо за пехарот.

Трајковски, 32-годишниот напаѓач сезонава настапи на 11 натпревари, најмногу од клупата за резерви и постигна еден гол. Македонецот е големо разочарување и најверојатно ќе си замине, особено ако Гатузо го врати Словенецот Јан Млакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons