Хуман гест: Звонко подарува месо и лекови за сите што не можат да си купат за празниците
Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си дозволат, обезбедува месо од неговата фарма.
– Нас ни дал Господ малку повеќе и ние сакаме да споделиме со кој нема, вели Звонко. Не планираме никој да одбиеме, само многу луѓе само што се јавуваат од Берово, туку и од подалеку и нема како да им го доставиме, вели тој за ТВ Стар и додава:
Сме давале по 3 кила, по 5 кила, зависи колкаво е семејството. Пример ако се двајца луѓе ќе им дадеш 2-3 кила месо, ако се повеќе, со деца, нормално и повеќе
-До сега има 15 до 20 луѓе, јас имам 700 свињи. Колку и да се јават, јас ќе го услужам. Кој има потреба и од лекови, до нашата месара има аптека па ќе и помогнеме и со тоа, особено на стари луѓе кои не можат да си дозволат, завршува Цонкински.
Ова е трета години по ред како јавно преку социјалните мрежи овој хуман човек нуди помош иако и претходно помагал