Се вооружиле како да се на фронт, пронајден цел арсенал оружје и експлозиви во Арачиново
Полицијата и армијата откриле цел арсенал на оружје откако со багери се копаше неколку дена во атарот на Арачиново. Експлозиви, 14 гранати, 200 грама ТНТ, и автоматско оружје криеле припадниците на криминалната група Беланоца под земја и во напуштени објекти.
Премиерот Мицкоски вчера во изјава кажа дека пронајдената количина оружје е доволна да се опреми чета и екплозив кој може да уништи објект голем колку Владата. Тој притоа напомена дека оваа криминална група била недопирлива за претходната власт.
Акцијата на МВР и Обвинителството за оваа група која е одговорна за најмалку осум убиства, започна пред една недела. Четворица се уапсени и веќе се во притвор, а пронајдени се околу милион евра, злато, автоматско оружје, експлозиви. Центар на претресите беше Арачиново.
Дел од оваа група се веќе во затвор, а шестмина во бегство. За двајца од Беланоца е распишана меѓународна потерница.