МакедонијаНајново

Опожарен автомобил на поранешен началник на СВР Штип

Ноќеска во Штип било запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Опожареното возило „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото.

Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци. Во октомври беше запалено и возилото на управителот на регионалната М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица „Сремски фронт“ во Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons